Според повеќе италијански медиуми, низата промени во Ферари пред стартот на зимското тестирање во Формула 1 продолжува.
Лео Турини, најпознатиот Ф1 новинар од Италија, кој е познат како „инсајдер“ за информациите од Ферари потврди дека Алберто Антонини, поранешниот портпарол на клубот добива „шут-карта“ од новиот шеф Матија Биното по низа несогласувања. Ова не е големо изненадување бидејќи Антонини беше човек на претходниот шеф, Маурицио Аривабене, кој ја загуби битката за превласт со Биното.
Ферари ќе внесат малку шарм во Ф1, откако Силвија Хофер Франџипане, која претходно работеше во Мекларен како прв помошник на Фернандо Алонсо, ќе ја добие улогата да го презентира тимот пред новинарите и фановите.