Top Sport

Продолжуваат промените во Ферари – се враќа и Доменикали?

Во Ферари продолжуваат промените. По замената на Маурицио Аривабене со техничкиот шеф Матија Биното, италијанските медиуми тврдат дека во обид да се олесни работата на Биното, чија прва задача е дизајнот на болидот, во тимот ќе се врати поранешниот шеф Стефано Доменикали.

Доменикали замина во 2014 година откако во две сезони едноподруго Ферари не успеа да стигне до титулата со Фернандо Алонсо. Во моментов, Доменикали е генерален директор на Ламборгини, и славниот италијански производител на луксузни автомобили под него успеа да ја зголеми продажбата за 50 отсто.

Според „Кориере дело спорт“, Доменикали ќе го замени Луис Камилери како генерален директор на Ферари, по препорака на претседателот на Ферари, Џон Елкан.

Scroll to Top