Top Sport

Промени во Мото ГП календарот

Трката за Големата награда на Тајланд во Мото ГП шампионатот е презакажана за 4 октомври. Распоредот на трките е ажуриран во четвртокот бидејќи трката во „кралската класа“ во катар е одложена, а трката на „Бурирам“ во Тајланд е одложена поради коронавирусот.

Големата награда на Тајланд според првичниот календар требаше да се вози на 22 март. Во новиот календар таа ќе биде на програмата на 4 октомври.

Во овој термин требаше да се вози Големата награда на Арагон. Акцијата на патеката „Моторленд“ е преместена за 27 септември.

Сезоната во „кралската класа“ ќе започне во Остин, Тексас, со Големата награда на САД на 5 април.

Инаку овој викенд во Катар ќе започне сезоната во Мото 2 и Мото 3 класите.

Scroll to Top