Top Sport

Прост: Ферстапен и Леклер се главните ривали на Хамилтон во новата сезона

Екс-пилотот во Формула, Ален Прост кој е четирикратниот шампион во „најбрзиот џиркус“ смета дека возачот на Ред Бук, Макс Ферстапен и пилотот од Ферари, Шарл Леклер ќе му бидат главните конкуренти на актуелниот шампион, Луис Хамилтон (Мерцедес) во борбата за титулата во новата сезона.

„Во моментов најдобар е Хамилтон. Тој има огромно искуство и силен тим. Но, Макс Ферстапен и Шарл Леклар имаат одлични изгледи. Тие ќе бидат најопасните ривали на Луис. Ферстапен треба да биде малку помирен. Во одреден момент, му недостасува самоконтрола. Ако се справи со ова и добие добар автомобил, тешко дека некој ќе го победи“ – рече Прост.

Французинот, кој сега има функција на советникот во Рено, ја коментираше одлуката на тимот да ја одложи промоцијата на новата машина.

„Обично го покажуваме болидот, но сега решивме да не го сториме тоа. Ќе почекаме уште неколку дена и ќе го претставиме автомобилот“ – смета тој.

Scroll to Top