Top Sport

Прва пол-позиција во историјата на Априлија – Алеш Еспаргаро ќе стартува прв во Аргентина

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Аргентина. Со најбрзиот круг 1:37.688 минути, Еспаргаро, на Априлија и ја донесе првата пол-позиција во историјата.

Трката на патеката „Термас де Рио Ондо“, од првиот стартен ред, покрај Алеш Еспаргаро ќе ја започнат Хорхе Мартин од Прамак Дукати и Лука Марини од тимот ВР46.

Во вториот ред се помладиот брат на Алеш, Пол Еспаргаро на Репсол Хонда, Маверик Вињалес на Априлија и актуелниот светски првак Фабио Квартараро на Јамаха.

Scroll to Top