Првиот тренинг пред Формула 1 трката за Големата награда на Лас Вегас беше откажан откако, поради пропуст на организаторот Карлос Саинц и Естебан Окон ги оштетија своите болиди.
Блидите на Ферари и Алпин биле оштетени кога поминале преку скршена шахтата на патеката.
Тренингот траеше само осум минути, а дирекцијата на трката веднаш го истакна црвеното знаме.
🏎️💥 Breaking: Astonishing Twist at F1 2023 Las Vegas! Esteban Ocon's Dramatic Encounter with a Manhole during FP1 – Fans Shocked! 🤯 #F1LasVegas #Ocon #FP1 #RacingDrama pic.twitter.com/zlquu7UcL1
— Billy Snider (@sniderstyle) November 17, 2023
„По прегледот на патеката, откривме дека бетонската рамка околу капакот на шахтата е оштетана. Сега треба да ги провериме сите други шахти на патеката, што ќе потрае некое време. Ќе разговараме со локалниот инженерски тим за времето што ќе биде потребно да го решиме ова и ќе ве известиме за сите промени“, се вели во соопштението за печатот на Формула 1.
Формула 1 се враќа во Лас Вегас за прв пат од 1982 година.
Трката е закажана за недела во 7 часот по средноевропско време.
#BREAKING: Loose manhole hits Formula cars on Las Vegas Strip during the Las Vegas Grand Prix.
It caused significant damage to the cars and prompted the suspension of the session.#lasvegasgp #LasVegasGrandPrix #FormulaOne #Formule1 #F1 #f1lasvegas
— NewsAlerts Global (@NewsAlertsG) November 17, 2023