Top Sport

Работата е „сериозна“ – Хамилтон ја возеше Минаж на квад

Откако прво се појавија шпекулации дека двајцата се на заеднички одмор во Дубаи, сега е сигурно – светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон добро се забавуваше со поп-дивата Ники Минаж оваа недела во Дубаи пред Руското ГП викендов.

Хамилтон на Инстаграм се пофали со фотографии на кои двајцата се на квад мотоцикл во пустината. Тој претходно беше забележан со 35-годишната Минаж и на неговото модно шоу во Шангај, каде што беше претставена неговата колекција во соработка со Томи Хилфигер.

 

View this post on Instagram

 

Riders????

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on

Scroll to Top