Кими Раиконен ќе ја стартува својата 300. ГП трка во Монако овој викенд, но на светскиот шампион од 2007 година очигледно не му е грижа за бројката, иако влегува во елитната група на спортисти.
Финецот дури вели дека се обидел да направи притисок неговиот тим, Алфа Ромео да не го одбележи јубилејот.
„Се обидов да ги натерам да откажат сè, но не успеав. За мене ова е иста трка како таа пред оваа и како следната. На крајот се работи само за бројка. Да, различно е од првата трка, но по некое време не е многу важно“, вели 39-годишниот Финец.
Од своето деби со Заубер во Австралија во 2001 година, Раиконен оствари 21 победа, но паузираше две години за настап во Светскиот рели шампионат. Иако викендов е негов 300., поради различни причини тој не учествуваше на две трки, така што ова ќе му биде негов 298. старт.
Пензионираниот Бразилец Рубенс Барикело го држи рекордот со 323 старта, рекорд кој Кими ќе може да го помине ако го исполни договорот и се трка до крајот на 2020. Само три возачи покрај Раиконен и Барикело имаа над 300 трки – Фернандо Алонсо (311), Џенсон Батон (306) и Михаел Шумахер (306).
Kimi Raikkonen: Who cares about 300, I want points
“Everyone is talking about my 300th race, but I’m more interested in our performance.”https://t.co/DSpAv7Gzl8 #F1 pic.twitter.com/KXiPpNRQQW
— Planet F1 (@Planet_F1) May 22, 2019