Top Sport

Раиконен ја покажа својата „Алфа Ромео“

„Алфа Ромео“ дефинитивно се вратија во Формула 1. Во понеделникот тимот го покажаа моделот „Ц38“, кој ќе биде адутот на тимот во 2019 година.

На болидот се истакнува агресивното предно крило и „носот“ кој служи за подобар проток на воздухот. Болидот ќе го движи моторот на „Ферари“.

Прв на претсезонските тестирања болидот ќе го вози поранешниот светски првак, Кими Раиконен, додека неговиот тимски колега Антонио Џовинаци ќе дебитира утре.

„Алфа Ромео“ минатата сезона се вратија во Формула 1 како партнери во тимот на „Заубер“.

Славното име во автомобилската индустрија прв пат во Формула 1 се појави во 1950 година и во првите две сезони освои две титули. Вкупно на 110 трки, овој тим има десет победи.

Scroll to Top