Околу иднината на Кими Раиконен во 2019 година се појавија многу шпекулации, но по сѐ изгледа јасно е дека Ферари бараат нов партнер на Себастијан Фетел за новата сезона.
Самиот Финец изјави дека Ферари мора да направи одлука дали ќе го задржат следната година, по шпекулациите дека возачот на Алфа Ромео Заубер, Шарл Леклер веќе има потпишано договор.
Швајцарскиот весник „Блик“, тврди дека Финецот уште не завршил со Ф1, бидејќи Ферари ќе „средат“ тој следната сезона да вози за Заубер, тимот во кој пред 17 години ја стартуваше својата кариера.
Сепак, новинарот, Лео Турини, познат како „инсајдер“ на Ферари, вели дека уште ништо не е одлучено и дека „Ајсмен“ заслужил да остане возач на Скудерија, како нивни последен шампион од 2007 година.
„Го имаме најдоброто дуо на Ферари во последните 25 години. Исто така имаме и болид кој се развива и тим кој работи фантастично заедно. Зошто тоа да се менува?“, вели Турини за „Скај Италија“.
Фото: ЕПА