Top Sport

Раиконен: Можеби е убаво место, но мразам да возам во Монако

Кими Раиконен го започнува својот 300. Ф1 викенд на славната патека во Монако, „дијамантот“ на Ф1 круната, но Финецот, нормално, не е импресиониран. Возачот на Алфа Ромео инсистира дека нема големо задоволство да се вози во малото кнежевство бидејќи уличната патека веќе не е толку голем предизвик како во минатото.

Раиконен има победа во Монте Карло во 2005 година и уште три подиуми, но смета дека патеката и покрај тоа што го заддржува карактерот, веќе не е предизвикувачка ккао во 2001 година.

„Можеби е убаво место за гледање на трка, но искрено воопшто не ми се допаѓа Монако. Тоа веќе не е патека како таа кога бев првпат во 2001 година. Тогаш на првата кривина имаше бариера, кривината ’Свиминг пул’ беше потесна, а имаше и други тешки моменти. Претходно, возачот можеше да биде клучен тука, сега веќе не. Сега, најбрзиот болид секогаш е на првото место“, вели ветеранот од 17 сезони во Ф1.

Scroll to Top