Top Sport

Раиконен на „мерење“ за седиште во Заубер

Светскиот шампион од 2007 година, Кими Раиконен беше на мерење за седиште во тимот на Заубер, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе тестира за тимот до крајот на сезоната, а можно и таму да ја заврши сезоната.

Финецот живее блиску до седиштето на Заубер во Хинвил, Швајцарија, така што тој се реши за рана посета на местото каде што ја започна Ф1 кариерата и каде што ќе вози следната сезона. Техничката соработка меѓу Заубер и Ферари исто така значи дека нема опасност за откривање на „тајните“ на Скудерија.

Раиконен во петокот бил на состанок со шефовите на тимот по што го измериле за седиште, кое може да го користи на тестирањето во Мексико по трката следниот месец.

Scroll to Top