Top Sport

Раиконен: Не е убаво навивачите да ги свиркаат возачите

Кими Раиконен вели дека Ф1 фановите, посебно тие на Ферари, не треба да ги исвиркуваат противничките возачи, откако во Монца, како и секогаш, победникот Луис Хамилтон доби непријателски пречек.

Хамилтон и неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас беа исвиркани по трката во викенд во кој тифозите беа посебно „наострени“. Раиконен вели дека тоа не е во ред.

„Мислам дека сите имаат право да прават како што сакаат, но секако мислам дека ова не е многу убаво. Не треба да има таква атмосфера. Јас не правам одлуки, но тоа се случува и не е многу убаво“, вели Раиконен.

Хамилтон, кој има пет победи во Монца, изјави дека го „прифаќа“ свиркањето, но дека не го разбира.

„Сум бил на фудбал, на НФЛ, на кошарка и на рагби и никогаш не сум свиркал кон противникот. Не го сфаќам тој потег. Се случува во сите спортови, можеби почесто во фудбалот, но и во Италија“, вели Хамилтон.

Хамилтон до тифозите: Вие свиркајте, јас ќе победувам

Scroll to Top