Кими Раиконен повторно беше Кими Раиконен на прес-конференцијата пред Сингапур ГП трката овој викенд, откако одбиваше да „соработува“ со новинарите кои сака да дознаат за неговиот трансфер во Заубер.
Раиконен потврди дека следните две сезони ќе вози во тимот со кој ја почна кариерата, додека неговото место во Ферари ќе го преземе младиот Шарл Леклер. Финецот даваше само кратки одговори, но најде место и да се пошегува дека ја загубил страста за тркањето и дека потпишал двегодишен договор за да биде несреќен.
„Не, веќе не сум страствен за тркањето. Следните две години ќе ги поминам несреќен“, изјави 39-годишниот поранешен светски шампион.
Следното „глупаво“ прашање беше зошто решил да оди во Заубер.
„Зошто да не? Бидејќи го сакам тоа. Зошто се обидувате да го направите тоа компликувано? Не знам многу повеќе од вас, туку само нивниот пласман. Ќе видиме што ќе се случи. Задоволен сум од моите причини и тоа е доволно за мене“, вели Раиконен.
Откако се навикна на борба во врвот во Ф1 и во кариерата има 100 подиуми, следната година може да го очекува поинаква ситуација со Заубер, и тој беше запрашан дали е подготвен за послаби резултати.
„Секогаш е целта да се победи, а дали е реалистично да се очекува ќе видиме. Секогаш сакаш да одиш напред, па ќе видиш што ќе се случи“, додаде Раиконен.
Think we can all agree that another two years of this is a good thing ??#SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/OEFelFViFm
— Formula 1 (@F1) September 13, 2018