Top Sport

Раиконен се удрил во паркиран автомобил, доби казна од 800 франци

Кими Раиконен доби казна од 800 швајцарски франци откако во мај оваа година во градот во кој живее, Бар, се удрил во паркирано возило во мај оваа година, јавува швајцарската новинска агенција „АТС“.

Според швајцарските медиуми, Раиконен морал да избегне автомобил од другата страна и затоа удрил во паркирано возило. За ова тој е казнет 350 швајцарски франци плус административни трошоци од 450 франци.

Ова сигурно нема да му претставува голем товар на буџетот на светскиот шампион од 2007 година, кој е во последната сезона од богатиот договор со Ферари. Од следната година, Кими, кој оваа година девет пати беше на подиумот, ќе вози за тимот на Заубер, со кој дебитираше во Ф1 во 2001 година.

Scroll to Top