Top Sport

Расел: Ферстапен плаче дека ќе се повлече за да добие поголема плата

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел смета дека светскиот шампион Макс Ферстапен се заканува дека ќе си замине од Ф1 по крајот на договорот како тактика за да добие повеќе пари со следниот договор.

Возачот на Ред бул, Ферстапен повеќе пати посочи дека неговата кариера можеби нема да биде предолга, посебно бидејќи беше најмладиот возач во историјата кога дебитираше во 2015 година, а исто така не беше задоволен од најавените промени во правилата од 2026 година. Тој има договор до 2028 година со Ред бул, и Расел се надева дека нема да се повлече.

„Мислам дека само плаче бидејќи сака повеќе пари. Да, тој е најплатениот возач во Формула 1 и тоа со право поради неговите успеси, но мислам дека заканата со пензионирање е само тактика. Искрено, се надевам дека нема да го направи тоа, бидејќи сакам да се борам со најдобрите на светот. Во моментов сум во директен дуел во Мерцедес со Луис Хамилтон и сакам да го направам тоа и со Макс и со Шарл Леклер. Мислам дека спортот има многу добри возачи во моментов“, вели Расел.

Scroll to Top