Top Sport

Расел и Мерцедес изненадувачки први на тренингот во Мајами

Возачот на Меерцедес Ф1, Џорџ Расел неочекувано постави најдобро време на првиот тренинг пред Мајами ГП трката, победувајќи го својот клупски колега, Луис Хамилтон, додека светскиот шампион и прв фаворит, Макс Ферстапен беше само четврти со речиси половина секунда заостанување.

Третото место го освои Шарл Леклер во Ферари, неговиот колега Карлос Саинс беше пеетти, додека Серхио Перез во вториот Ред бул беше само 11. со речиси секунда и пол послабо време.

Сесијата исто така беше одбележана со долгата пауза поради судирот на возачот на Хас Ф1, Нико Хулкенберг на третата кривина на уличната патека во Флорида.

Scroll to Top