Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел ги повлече критиките кон Валтери Ботас откако денеска на мир ги разгледа снимките на нивниот голем судир на Имола во неделата.
Двајцата се судрија на кривината Тамбурело кога Расел се обиде да го помине Ботас, и снимките на крајот покажаа дека тој ја загубил контролата и го предизвика контактот. Веднаш по инцидентот, Расел го обвини Ботас дека „сака да го убие“, дури удирајќи го кацигата. Ботас инсистираше дека се држел до тркачката линија, а шефот на Мерцедес, Тото Волф му порача на Расел дека „има многу да учи“ и му порача дека можеби треба да вози во „Рено Клио купот“.
Расел, преку социјалните мрежи, призна дека Ботас „најверојатно не е виновен“.
„Кога ќе можеш да ги разгледаш сите снимки успорено, од некои агли ситуацијата изгледа многу поинаку. Најмногу бев исфрустриран поради брзината на инцидентот. Никогаш не сум имал судир на крајот на рамниот дел, кога возиме со огромна брзина и ќе реагирав исто да се боревме за победа. Мислев дека е нешто што може да се избегне. Но, Валтери не направи ништо надвор од правилата, иако мора да се гледа и одговорноста и условите на патеката. Дали можеше да се избегне? Да. Дали Валтери згреши? Најверојатно не“, напиша Британецот.
Some thoughts on yesterday: pic.twitter.com/xU07da7DCz
— George Russell (@GeorgeRussell63) April 19, 2021
Волф му се закани на Расел дека ќе го прати во „Клио купот“ по судирот со Ботас