Во последната сезонска трка во Формула 1 што во недела од 14 часот ќе се вози за Големата награда на Абу Даби нема на патеката да се појави актуелниот шампион, Британецот Луис Хамилтон.
Тој реши да ја заврши сезоната затоа што се уште не е 100-процентно опоравен од последиците од коронавирусот.
Негова замена втора трка по ред ќе биде Џорџ Расел. Тој и минатиот викенд беше во болидот на Мерцедес и имаше солидна трка во Бахреин.
Некои грешки при заминување во боксот и промената на гумите го оневозможија во трката по бодови, па на крајот заврши како деветти, со 19 секунди заостаток од победникот Серхио Перес.
Хамилтон сезонава ја завршува со 332 бода.
Wasn't sure which shirt to put on today so went with the last one I wore ??
Max attack this weekend either way. Let’s sign off this mad year on a high ?
? x @MSI_Images pic.twitter.com/2srQBGWmwm
— George Russell (@GeorgeRussell63) December 10, 2020