Top Sport

Речиси двојно помалку претекнувања во Ф1 оваа сезона (видео)

Формула 1 сезоната 2017 беше најлоша за претекнувања во ДРС-ерата, откако се случи намалување за речиси 50 отсто од претекнувањата минатата сезона.

„Пирели“ ги објави деталите за сезоната 2017, прва во која се воведоа пошироки и побрзи болиди, и во 20 трки оваа сезона имаше 435 претекнувања, 49% помалку од 866 претекнувања во 2016 година, кога имаше една трка повеќе.

Бројката од 2016 беше најголема од водењето на документацијата на стартот на 1980-тите, додека 435 за 2017 е најниско од 211 претекнувања во сезоната 2009 година, пред воведувањето на ДРС-системот – подвижното задно крило кое помага при претекнувањата.

Оваа година, Азербејџанското ГП во Баку имаше најмногу претекнувања – 42, додека на Руското ГП во Сочи имаше само едно претекнување.

Најдобар претекнувач во 2017 е Даниел Рикјардо во Ред бул со вкупно 43 претекнувања, од кои 13 беа на импресивното Британско ГП. Неговиот колега, Макс Ферстапен имаше 22 претекнувања, со што болидите на Ред бул се најдобри претекнувачи.

Дебитантот на Вилијамс, Ленс Строл е возачот кој најмногу претекнувал во првиот круг – дури 36 пати, што значи дека или потфрлал на квалификациите, или е навистина брз. Останува да се види.

Scroll to Top