Ред бул ќе му дадат на Даниел Рикјардо краен рок до август да одлучи дали сака да остане во нивниот тим, пред да почнат да бараат замена, откако Австралиецот лани одби да го потпише новиот договор и е поврзуван со трансфер во Ферари.
Рикјардо не крие дека сака да биде во тим со кој ќе се бори за титулата, откако последните четири години Ред бул ги помина зад доминантните Мерцедес. Тој стигна до шестата победа во кариерата на Кинеското ГП по што изјави дека би бил среќен да остане во Ред бул доколку тимот покаже дека може да се бори за титулата. Хорнер, сака тој да се реши до летната пауза во Ф1.
„Мора да има одлука до летната пауза. Нема да чекаме засекогаш. Имаме и други добри опции, иако приоритетот е да се продолжи со Даниел. Најочигледна опција е Карлос Саинс, кој има договор со нас, а има и други млади возачи“, вели Хорнер во интервју за „Ауто мотор унд спорт“.
Фото: ЕПА