Top Sport

Ред бул го покажува „ѕверот“ во понеделник

Ред бул рејсинг објавија дека во понеделник ќе го презентираат својот нов болид за сезоната 2018. РБ14 ќе биде презентиран на 19 февруари, но од тимот не кажуваат дали ќе има само онлајн промоција или детална церемонија.

Ред бул вообичаено „доцни“ со презентацијата со цел да се заврши што повеќе работа, но сега тие ќе бидат втори со нов болид веднаш по Вилијамс Ф1, кои веќе во четврток ја отвараат сезоната на презентации.

Овојпат, „бикот“ има малку поинаква пролетна стратегија, да се овозможи болидот да помине што е можно повеќе километри на тестирањето на патеката „Каталуња“ покрај Барселона.

„Се фокусираме на малку ран стартен датум, со само пет дена. Дизајнирањето и изработката за тие пет дена можат да се сменат многу. Целта е да можеме од почетокот да возиме по 100 круга дневно“, изјави шефот Кристијан Хорнер.

ПРЕТСТАВУВАЊА НА НОВИ БОЛИДИ, 2018

Вилијамс, 15 февруари

Ред Бул, 19 февруари

Рено и Заубер, 20 февруари

Мерцедес и Ферари, 22 февруари

Мекларен, 23 февруари

Торо росо, 26 февруари

Scroll to Top