Top Sport

Ред бул, Мерцедес и Ферари не сакаат ограничување на буџет

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека не се точни шпекулациите дека Формула 1 тимовите се согласиле со сопственикот „Либерти медија“ околу предложените промени за 2021 година, иако додаде дека трите најголеми тимови (Ред бул, Ферари и Мерцедес) веќе се на иста страна.

Клучен дел од предложените промени во 2021 година (кога завршува сегашниот договор меѓу тимовите и шефовите) е ограничување на буџетот на тимовите, нешто на што Мерцедес и Ферари, а очигледно и Ред бул не се согласуваат.

„Уште сме многу далеку од договор. Во основа, ние се согласуваме со Ферари и Мерцедес околу бројките, додека другите тимови се малку покритични. Мораме исто така да одредиме кој дел од тимот е под ограничен буџет. Контролата е многу тешка во Ф1, и како знаете кој компјутер работи за матичната компанија, а кој за Ф1?“, вели Марко во интервју за „Билд“.

Scroll to Top