„Коалицијата“ на Ред бул рејсинг и Мерцедес околу несогласувањата со ФИА поради договорот со Ферари за контроверзниот мотор од 2019 очигледно не траеше долго, откако Ред бул побара од ФИА да ги „дообјасни“ правилата за сопирачките, приморувајќи ги Мерцедес да направат промени на болидот на една недела пред стартот на сезоната.
Според Ред бул, Мерцедес и нивниот корисник на мотори, Рејсинг поинт, користат посебен дизајн за да осигураат ладење на сопирачките, но овој дел е направен над дозволениот простор за вентилација и затоа бараа објаснување од ФИА.
Светската федерација пак, веднаш побара тимовите кои имаат ваков посебен дизајн веднаш да го отстранат, бидејќи според правилата смее да се користи само ограничен простор од болидот.