Top Sport

Ред бул признаваат дека стравуваат од камбекот на Мерцедес

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер верува дека набргу Мерцедес ќе бидат вклучени во борбата за титулата и покрај тоа што во првите неколку трки од сезоната неговиот тим и Ферари беа доминантни пред „сребрената стрела“.

Мерцедес имаше драстично подобрен болид на Шпанското ГП во Барселона, на кое Џорџ Расел стигна до подиумот, а Луис Хамилтон од последното место скокна на петтото до крајот на трката. Хорнер не е изненаден.

„Тие се враќаат во овој шампионат. Кажав од првата трка дека се многу, многу силен тим, кој има квалитети и ресурси да направиголем чекор, како што покажаа во Барселона. Никогаш не сме ги потценувале нашите ривали. Ферари имаа лоша трка, но нивната брзина повторно беше за почитување. Затоа, очекувам да биде уште понеизвесно“, изјави Хорнер.

И шефот на Мерцедес, Тото Волф, кој претходно беше песимистички расположен, верува дека неговиот тим се вратил силно.

„Дали можеме да се бориме за светска титула? Можете да се обложите на тоа! Имаме причини да веруваме дека имаме силен болид. Ако ја погледнете табелата во генерален пласман, таа кажува поинаква приказна, но ова е моторспорт и работите бргу се менуваат“, изјави Волф по трката во Шпанија.

Scroll to Top