Ред бул смениле неколку делови од моторот на Макс Ферстапен пред Унгарското ГП, но возачот нема да биде казнет со места на стартот поради новите правила на ФИА.
Ферстапен ги имаше најлошите квалификации во Унгарија вчера, откако заврши на 10. место, откако се жалеше на проблеми со моќта на моторот. Советникот на Ред бул, Хелмут Марко откри дека тимот морал да смени елементи на моторот, но дека ќе поминат без казна.
„Тој вчера ја немаше целосната моќ на моторот. Мислиме дека го решивме проблемот и со промената на деловите нема да има казна“, изјави Марко за „Скај спорт Германија“.
Los mecánicos trabajando el unidad de potencia y DRS de Verstappen. No habrá penalizaciones aunque haya cambio de algún elemento.
Mechanics working on Verstappen's DRS and Power Unit. No penalties even elements changed.#f1 #HungarianGP pic.twitter.com/WIR3XqsRhJ
— Albert Fabrega (@AlbertFabrega) July 31, 2022