Top Sport

Ред Бул со моторите на Хонда до 2024 година

Тимовите на Ред Бул ќе ги користат моторите на Хонда до 2024 година, и покрај тоа што јапонскиот производител ќе се повлече од Формула 1, по завршувањето на оваа сезона.

Ред Бул склучил договор, според кој до 2024 година, ќе може да купува мотори од Хонда. Ред Бул основале нова компанија чија единствена задача ќе биде одржување на агрегатите.

Склучениот договор значи дека тимовите Ред Бул и Алфа Таури, ќе ја користат технологијата на погонските агрегати на Хонда до крајот на 2024 година.

Ваквиот развој на настаните е можен поради одлуката на Формула 1, во периодот од 2022 до 2024 година, да го „замрзнат“ развојот на моторите.

Scroll to Top