Top Sport

Ред бул трипати се обидувале да го добијат Алонсо

Случајот на Ред бул и Фернандо Алонсо е типичен пример за поговорката „во лошо време на лошо место“, откако шефот на тимот Кристијан Хорнер призна дека тие трипати се обидувале да го донесат Шпанецот кај „бикот“ (во 2008, 2009 и 2011 година).

„Бевме многу блиску до потписот на Фернандо. Заедно со Хелмут Марко бевме кај неговиот менаџер на крајот на 2008 за да му понудиме двегодишен договор, меѓутоа тој сакаше само една сезона. На крајот остана во Рено. Знаевме дека има договор со Ферари за 2009 година, но тука беше и Флавио Бриаторе кој се обидуваше да го задржи во Рено“, објаснува Хорнер во интервју за магазинот „Моторспорт“.

Но, првичниот неуспех не ги обесхрабрил во Ред бул.

„Во средината на 2009 година повторно се сретнав со Алонсо и му кажав дека може да дојде кај нас, бидејќи знаевме дека со тој болид може да освои титула. На крајот имавме уште еден разговор на задно седиште на Алфа Ромео на аеродромот во Спа неколку години подоцна и повторно тоа не се случи“, додава Хорнер.

Scroll to Top