Top Sport

Ред бул во „грабеж“ на инженери од Мерцедес, Германците им нудат двојно поголема плата!

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко тврди дека Мерцедес им нуди на своите инженери двојно поголема плата во обид да ги заддржи кај нив по „кампањата“ на Ред бул за добивање на искусни инженери за развојот на нивниот мотор.

Откако прво го донесоа клучниот инженер, Бен Хоџкинсон, кој ќе ги предводи развојот на моторот кој им го остава Хонда, денеска од Ред бул потврдија дека донеле уште инженери од Мерцедес – Стив Блует, Омид Мостагими, Пип Клоуд, Антон Мајо и Стив Броуди од следната година ќе се приклучат на „бикчето“.

Марко вели дека луѓето доаѓаат во Ред бул по нов предизвик и од голема страст, а не поради финансиите.

„Ред бул е страствен тркачки тим. Сите тука. Мерцедес им нудат двојно поголема плата ако останат, ни е не го правиме тоа“, вели Марко.

Scroll to Top