Top Sport

Ред Бул во Турција ќе се збогува со Хонда

Екипата на Ред Бул, на Големата награда на Турција, ќе настапи со поинаква боја на своите болиди. Ред Бул со белата боја ќе се прости од Хонда. Јапонскиот снабдувач на мотори по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Формула 1.

Хонда, во 2019 година, започна за испорачува мотори за Ред Бул. Минатата сезона од јапонската компанија сооопштија дека на крајот од 2021 година ќе ја напуштат Формула 1.

2022 ќе биде година на транзиција за Ред Бул, Хонда заминува и покрај тоа што се уште тимот ќе ги користи агрегатите на јапонскиот производител.

Поради тоа, болидите на Ред Бул ќе бидат во бела боја.

Ова требаше да се случи на Големата награда на Јапонија, но трката во Сузука е откажана поради коронавирусот.

Scroll to Top