Top Sport

Ред бул, засега, демантираат дека Рикардо ќе го замени Перез во 2023

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко ги отфрли шпекулациите дека Даниел Рикардо ќе го замени Серхио Перез во тимот следната година по конфликтот на мексиканскиот возач со шампионот Макс Ферстапен на Бразилското ГП минатиот викенд.

Ферстапен таму одби да ги послуша наредбите од тимот да го пропушти Перез на шестото место со што би му помогнал во борбата за втората позиција во генерален пласман. Иако главните критики беа насочени кон Ферстапен за тоа што не сака да му помогне на колегата, кој беше клучен за неговата титула во 2021 година, холандските медиуми го обвинија Мексиканецот дека непотребно ја крева нервозата во тимот со остри критики за Ферстапен.

По шпекулациите дека Рикардо ќе биде трет возач на Ред бул во 2023 по губењето на местото во Мекларен, Марко демантира дека Перез ќе биде сменет.

„Тоа се вести кои не доаѓаат од нас. Кажав дека Рикардо може да биде наш трет возач. Преговараме, но уште ништо не е договорено. Како и да е, Макс и Чеко се наши возачи за 2023“ изјави Марко.

Scroll to Top