Top Sport

Ред бул застанува на страната на новите сопственици

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека критиките на не-извршниот директор на Мерцедес, Ники Лауда кон новите сопственици на спортот „Либерти медија“ се нефер, посебно кога се работи за правецот кој треба да го следи спортот.

Лауда во Бразил изјави дека е загрижен за иднината на Формула 1 бидејќи новите сопственици немаат рецепт за успех, откако претходната недела неколку тима се побунија за новиот предлог за правилата за мотори, а постои загриженост и за приходите од спортот.

Хорнер неочекувано застана во одбрана на Американците и нивната визија.

„Мислам дека коментарите беа нефер. Конечно, Формула 1 има експерт на чело како Рос Браун и неговиот тим, кој прави вистинска анализа. Досега се реагираше без правец. Да им дадеме време, бидејќи тука се само девет месеци и го немаме целосниот план“, вели Хорнер.

Последниот квартал Ф1 заработи 273 милиони долари, дури 13 отсто помалку од минатата година (316 милиони долари), но „Либерти“ се правдаат дека падот е поради трошоците за подобрувања на спортот.

Scroll to Top