Луис Хамилтон со победата на трката за Големата награда на Ајфел во Нинбуртринг го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во кариерата. Семејството Шумахер преку социјалните мрежи му честиташе на Британецот.
„Големи честитки до Луис на импресивното достигнување на големиот возач. Не можеме да негираме дека нашата желба беше Михаел да го задржи рекордот, но тој секогаш говореше дека рекордите се тука за да бидат урнати еден ден“, стои во пораката на семејството Шумахер.
Семејството на Шумахер и во „живо“ му го честиташе големиот успех на Хамилтон. Веднаш по завршувањето на трката Мик Шумахер му подари на светскиот првак реплика на црвената кацига каква што носеше неговиот татко.