Top Sport

Рено би можеле да бидат исфрлени од Формула 1

„Рејсинг Поинт“ по трката за Големата награда на Јапонија поднеле жалба против „Рено“ за постапките на нивните болиди поради што стекнале недозволена предност во однос на останатите конкуренти.

„Рејсинг Поинт“ тврдат дека пред трката биле сетирани сопирачките по круг на болидите на „Рено“ што е спротивно на правилата.

По сослушувањето судиите утврдиле дека за целосна проверка ќе им биде потребно дополнително време. Дотогаш на „Рено“ ќе им бидат одземени воланите и контролната електроника на болидите.

Кога ќе бидат извршени сите проверки главниот судија ќе реши дали правилата биле прекршени. Доколку „Рено“ се служеле со недозволени средства тогаш можат да добијат и драстична казна.

Доколку „Рејсинг Поинт“ со право се жалеле тогаш „Рено“ ќе останат без деветте бода колку што освоија Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг во Јапонија.

Таа казна тие сигурно би ја прифатиле, но полошо е што ФИА ќе ги испитува сите трки во досегашниот дел од сезоната. Доколку се докаже дека не ги почитувале правилата во повеќе трки тогаш можат да им бидат одземени сите бодови што ги освоиле досега (77).

Исто така ќе бидат соочени со голема парична казна, а не е исклучена можноста и да бидат исфрлени од шампионатот на Формула 1.

Scroll to Top