Францускиот автомобилски гигант Рено го предупреди тимот на Ред бул дека може да остане без нивните мотори доколку чека до Австриското ГП за одлука дали ќе продолжат со нив или ќе направат трансфер на Хонда.

Ред бул јавно објавија дека пред да направат одлука со какви мотори ќе возат во 2019 сакаат да ги разгледаат податоците на Хонда и Рено од Канадското ГП и Француското ГП откако двата производители ќе ги комплетираат подобрувањата на моторот. Меѓутоа, шефот на Рено Ф1, Сирил Абитебул вели дека мора да има побрза одлука.

„Мислам дека од наша страна ги имаат сите можни податоци и не гледам зошто би ја одложувале одлуката. Крајниот рок според регулативите беше 15 мај, но ние решивме да им дадеме малку повеќе простор поради 12-те години добра соработка. Но, на крајот може да нема мотори за нив ако продолжат вака“, се закани Абитебул.

Фото: ЕПА