Top Sport

Рено ќе го тестира Алонсо пред да се врати во Ф1

Двојниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо пред 2 години го напушти натпреварувањето, и оттогаш само еднаш изврши проба со Мекларен, во Бахреин.

Тој идната година се враќа во тимот на Рено, екипата каде помина 7 сезони и со која ги освои двете титули. Шпанецот минатата недела беше во седиштата на екипата во Велика Британија и Франција и започна со подготовките за враќање на симулатор.

Директорот на Рено, Сирил Абитебул вели дека екипата ги разгледува опциите за ограничено возење и во старите и во сегашните болиди.

„Во процес сме на правење програма за Алонсо. Знаеме дека тоа би било во вториот дел од сезоната, затоа не брзаме. Ние правиме програма која би можела да се состои од некои болиди од 2018 години, а Алонсо би сакал тоа да се прави меѓу 2 и 4 дена, па сега истражуваме. Тоа возило ќе биде на Блискиот исток оваа година, за нашите млади возачи. Се обидуваме да одржиме рамнотежа меѓу Алонсо кој сака да се врати на најдоброто ниво, но и возачите од нашата академија“ – рече Абитебул за „Скај“.

Scroll to Top