Top Sport

Рикардо: Немам понуда од Мекларен

Даниел Рикардо уште се нема обврзано да го продолжи договорот со тимот на Ред бул, по што шпекулациите велат дека добил понуда од 20 милиони долари од тимот на Мекларен, кој смета дека на крајот на сезоната може да го загуби Фернандо Алонсо.

Австралиецот, кој победи двапати оваа сезона, го демантира ова, иако не крие дека сака конкурентен болид за следната сезона. Во Мерцедес и Ферари веќе се пополнети местата, така што Мекларен останува реална опција, посебно поради неизвесноста на формата на Ред бул кои од следната сезона ќе возат со моторите на Хонда.

„Немам никаква понуда. Сите зборуваат за потенцијалните места во Мерцедес и Ферари, но сигурен сум дека ќе има интерес и од другите тимови, можеби и од Мекларен. Треба да направам вистинска проценка, но засега нема да коментирам“, вели Австралиецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top