Даниел Рикардо и шефот на Рено, Сирил Абитебул наскоро ќе одат во посета на некој салон за тетоважи, откако австралискиот Ф1 возач го исполни ветувањето и го доби облогот со пласманот на подиумот на Ајфел ГП трката во Нирбургринг, Германија.
На стартот на сезоната, двајцата се обложија дека ќе се тетовираат ако Рикардо успее да обезбеди топ 3 пласман за Рено оваа сезона, и сега Рикардо ќе мора да го избере дизајнот, додека Абитебул ја бира локацијата.
„Да, тоа ќе се случи! Сега ќе треба да размислиме, нешто најверојатно со германски вкус, бидејќи го остваривме ова во Германија“, призна Рикардо по трката.
Третото место во Нирбургринг беше прв подиум на Австралиецот по неговата победа на Монако ГП трката со Ред бул, а веќе следната година тој ќе замине во Мекларен.
„Да, помина доста време од последниот подиум. Да, бидам искрен, чувството е дека како да е прв подиум! Беше стресно, но поминаа две и пол години и сега е прекрасно. Кога потпишав за Рено, кажав дека до втората година мораме да бидеме на подиумот. Следната година ќе сум во друг тим, но ова е момент кој е прекрасно да се сподели со Рено“, вели Рикардо.