Top Sport

Рикјардо најбрз утрото, Алонсо остана без тркало! (видео)

Даниел Рикјардо беше најбрз на првата утринска сесија од зимското тестирање во Барселона, откако Ред бул се покажа како најподготвен пред Мерцедес, додека проблемите за Мекларен не престануваат и по партнерството со Рено.

Ферари и Рено исто така покажаа добра брзина, но сесијата на Мекларен започна лошо откако Фернандо Алонсо поголем дел од утрото помина во гаражата откако неговото тркало на Мекларенот едноставно излета.

Рикјардо постави најдобар круг од 1:20.179 пред Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари).

Scroll to Top