Даниел Рикјардо постави најдобро време на вториот тренинг пред Мексиканското ГП овој викенд, победувајќи го асот на Мерцедес, Луис Хамилтон во „тесна“ сесија во која половина секунда ги делеше најбрзите шест возачи.
Возачот на Ред бул, Рикјардо го поправи рекордот на Валтери Ботас од првата сесија за да има најдобро време од 1:17.801. Хамилтон заостана една десетинка, опоравувајќи се од излегувањето од патеката во првиот круг, додека Макс Ферстапен во вториот Ред бул беше трет со дополнителни три секунди послабо време.
Фетел беше четврти во ситуација кога имаше бизарен проблем – апаратот за гаснење пожар во неговиот болид експлодираше и тој мораше да се врати во боксот за да се пресоблече. Неговата реакција можете да ја погледнете на видеото.
Vettel: “Something burst… aghh! Acid or something. Think it might be the extinguisher”
?#MexicoGP #F1 pic.twitter.com/8GZ5klHic2
— tami | SEB⑤ (@Vetteleclerc) October 27, 2017
Кими Раиконен и Валтери Ботас го комплетираа топ 6, двајцата под половина секунда од времето на Рикјардо, најавувајќи интересен битка за пол-позицијата во сабота. Фернандо Алонсо беше изненадувачки на седмото место, но тој ќе стартува во недела со 20 места казна поради менување на моторот на Хонда на неговиот Мекларен.