Возачот на Сузуки, Алекс Ринс е победник на Мото ГП трката возена во шпански Арагон. Наредните три места зад него им припаднаа на шпански возачи откако Алекс Маркез (Репсол Хонда) заврши втор, а на третата позиција се пласираше Жоан Мир (Сузуки).
Од четвртата до десеттата позиција имаше место за Вињалес, Накагами, Морбидели, Довициозо, Крачлоу, Милер и Жоан Зарко.
Иако на денешната трка од пол позицијата стартуваше Фабио Квартараро, сепак поради проблеми со моторот трката ја заврши претпоследен.
Во генерален пласман на првата позиција изби Жоан Мир 125 поени, пред денеска несреќниот Квартараро кој има 115 поени. Трет во пласманот е Вињалес со 109 бода.
Rins wins a thriller at Aragon
SIMPLY INCREDIBLE! ?Álex Rins holds off Alex Márquez to become the 8th different winner of 2020! ?#AragonGP ?
Posted by MotoGP on Недела, 18 октомври 2020