Top Sport

Ривалите треба да се плашат! Рено ќе го засили моторот за 30 коњски сили

Францускиот производител на автомобили, Рено е подготвен да направи чекор напред со нивниот Ф1 мотор во следните неколку трки, со зголемување од 30 коњски сили.

Покрај својот фабрички тим, Рено ги снабдува со мотори Ред бул и Мекларен, а во Кина ја оствари првата победа преку Даниел Рикјардо во Ред бул, кој доминираше во вториот дел од трката.

Според шпанскиот весник „АС“, најголемиот чекор напред се планира за Канадското ГП во јуни, но поединечни мотори ќе бидат достапни уште на трката во Монако. На патеки како „Жил Вилнев“ во Монтреал, 30 коњски сили би знаечеле околу 3 десетинки по круг. Со ова моторот на Рено би добил моќ од 950 коњски сили, додека Ферари и Мерцедес се блиску до 1.000 коњски сили.

„Ако го следиме планот, ќе има подобрувања со ‘ИЦЕ’ системот и со користењето на горивото. Тоа ќе биде значителен чекор напред“, вели шефот на Рено, Сирил Абитебул.

Фото: ЕПА

Scroll to Top