Валентино Роси влезе во остар напад на својот Мото ГП ривал, Марк Маркез по случувањата на Аргентинското ГП и нивниот конфликт, велејќи дека актуелниот шампион го „уништил нашиот спорт“.
Роси и Маркез, носители на 11 титули во Мото ГП, и претходно имаа „тензични“ односи по конфликтите на патеката, кои се повторија на патеката „Термас де Рио Хондо“ во неделата. Маркез во финишот на трката се обиде да го помине Маркез на 13-тата кривина, и го истурка Роси на тревата, добивајќи казна од 30 секунди по крајот на трката.
Маркез по трката се обиде да отиде во боксот на Роси да се извини, но не беше пуштен од луѓето на Роси, кој не штедеше зборови за Шпанецот.
„Ова е навистина лоша ситуација бидејќи тој го уништи нашиот спорт и бидејќи никогаш нема респект за своите ривали. Кога возиш со 300 км/ч, мораш да го почитуваш ривалот, да бидеш силен и да одиш до максимум, но не вака“, вели Роси.
„Докторот“ вели дека Маркез, кој пред судирот доби наредба да пропушти место по судирот со Алекс Еспархаро, возел агресивно цел викенд и го обвини дека сака неговите ривали да паѓаат.
„Тоа што се случи овој викенд, едно по едно можеш да го сфатиш. Си направил грешка при сопирачки, тоа се случува. Но, од петокот наутро тој имаше конфликт со Вињалес и Довициозо, во сабота наутро со мене, и во трката оди директно во четири возачи, бидејќи го прави тоа намерно. Тоа не е грешка, бидејќи ја трга ногата и се надева дека ќе паднете.Ако сите почнат да прават така, ќе заврши на лошо. Искрено, веќе сум исплашен кога сум на патеката со Маркез“, додава Роси.
Крaчлоу победи во Аргентина, нов инцидент помеѓу Маркез и Роси (Видео)