Валентино Роси не сака да се обврзе да вози во Мото ГП и следната година, велејќи дека треба да види како ќе се одвива сезоната 2018 и дали ќе има доволно мотивација или повеќе ќе сака да остане „дома на каучот“.
Јамаха во средата го претстави својот нов мотоцикл за 2018 година, и во исто време го продолжи договорот на колегата на Роси, Маверик Вињалес, кој останува до 2020 година. Меѓутоа, 38-годишниот Роси вели дека по првите неколку трки од сезоната ќе знае дали сака да продолжи.
„Обично зборуваме за двегодишни договори, но може да биде и на една сезона. Јамаха е отворена за соработка, но јас сакам да почекам за потпис, посебно додека не помине тестирањето и првите три-четири трки од сезоната. Не се брзам никаде. Треба да одлучам дали сакам да сум таму и да продолжам да тренирам секојдневно. Можеби повеќе ќе ми се допаѓа да бидам дома на кауч и да ги гледам трките на ТВ“, вели Роси.