Top Sport

Роси: КТМ оваа сезона можат да станат шампиони

Легендата на Мото ГП шампионатот, Валентино Роси верува дека КТМ е сериозен конкурент за титулата оваа сезона, оценувајќи дека деби-победата на Бред Бајндер на Чешкото ГП минатиот викенд го докажа тоа.

25-годишниот дебитант Бајндер стигна до својата прва Мото ГП победа во Брно во неделата, што претставуваше и прва победа за КТМ во шампионатот. Пред трката во Австрија, „Докторот“ вели дека ривалите мораат да внимаваат на нив.

„Да, зошто не би можеле да бидат шампиони? Тие имаат многу подобрен мотоцикл од минатата сезона и очигледно работат на својата програма. Да не паднеше Пол Еспархаро, ќе освоеја 1-2 победа. Мислам дека се фаворити во недела, бидејќи имаат тројца возачи кои се брзи и силни“, вели Роси.

Scroll to Top