Валентино Роси вели дека има „болки насекаде“ по драматичниот пад на Јапонското ГП во Мотеги.
Ветеранот на Јамаха излета во шестиот круг на седмата кривина додека беше само деветти, откако претходно падна и на четвртиот слободен тренинг во саботата, што само постави притисок на неговата десна нога, која ја скрши при тренинг минатиот месец.
„Овојпат имав голем пад! Многу полошо од саботата. Се обидов да не се предадам во трката, но немав многу контрола, како да возев на мраз. Беше многу брзо и не сфатив дека летав. Имав среќа што ногата е ОК. Имам болки насекаде, но не е толку страшно. Мораме да разбереме зошто немавме добра брзина“, вели Роси.
„Докторот“ потоа трката ја гледаше од боксот и вели дека очекува Марк Маркез и Андреа Довициозо до крај да се борат за Мото ГП титулата. Довициозо со неделната победа се доближи на 11 поени до Маркез.
„Битката беше многу добра, многу интересна за фановите. Тие двајца се најсилни во моментов и знаат како да се борат. Ќе видиме што ќе се случи“, додава Роси.
Disaster for Valentino Rossi.
He crashes out at Turn 8 – the same place where he crashed in FP3 yesterday.#MotoGP #JapaneseGP pic.twitter.com/SxgYffYujd
— FOX Sports LIVE! (@FSAsiaLive) October 15, 2017