Top Sport

Роси по „смената“ со Хамилтон: И порано бев негов фан, но сега сум воодушевен (видео+галерија)

Повеќекратните шампиони во своите спортови, Луис Хамилтон и Валентино Роси ја комплетирале „размената“ на патеката Рикардо Тормо во Шпанија оваа недела, кога повеќекратниот Мото ГП шампион возеше Мерцедес В08, болидот со кој Хамилтон ја освои титулата во 2017, а Хамилтон имаше шанси да го вози УЗР-М1 мотоциклот на Роси од оваа година.

Значењето на оваа атракција е голема бидејќи и Хамилтон и Роси постојано изјавуваа колку го ценат другиот во последните години. Со взаемна помош двајцата комплетираа повеќе кругови со машинеријата на другиот.

„Прекрасно е да се види легенда како Валентино во Ф1 болид. Ме потсетуваше на моментите кога јас првпат влегов во болид. Беше кул да се биде на патеката и да се види Валентино пред мене“, вели Хамилтон.

И Роси беше воодушевен.

„Веќе бев голем фан на Луис, но сега уште повеќе го ценат. Денот беше фантастичен – два врвни мотоспорта. В08 беше прекрасен за возење, а иако претходно имав возено болид, многу работи се смени оттогаш. Бев импресиониран од управувањето. Добиваш фантастично чувство на брзина и искрено не сакав денот да заврши“, изјави Роси.

 

View this post on Instagram

 

#LH44VR46 #LH44 . . . #lewishamilton #mercedesamgf1 #formula1 #f1 @lewishamilton @mercedesamgf1

A post shared by Lewis & Max (@verstappen.hamilton) on


Scroll to Top