Неколку часа откако ја заврши кариерата, Валентино Роси, влезе во Куќата на славните. Дорна ова го објави на на гала- вечерта, која Мото ГП ја организираше по завршувањето на сезоната.
Роси, вчера стави крај на блескавата кариера на трката во Валенсија. Одлуката на Дорна е очекувана, неочекувано е што тоа се случи толку брзо. Дури и самиот Роси беше изненаден кога го доби ива признание.
„Замислував дека овој ден ќе ми биде кошмар, бидејќи тој ден претставува крај на една долга кариера. Мислев дека така ќе биде во Валенсија, но денес навистина уживав. Им благодарам на сите кои работеа со мене, на другите возачи…Неверојатн дена, навистина уживав“, рекол Роси.
„Докторот“ им се приклучи на легендите на мотоспортот: Џакомо Агостини, Мајк Дуан, Анхел Нието, Кени Робертс, Марко Симончели, Диаџиро Като, Кесис Стонер, Дани Педроса, Ники Хејден…