Дветкратниот светски шампион Валентино Роси потпишал нов, двегодишен договор со Јамаха, што значи дека во Мото ГП шампионатот ќе остане до крајот на 2020 година.
Новата сезона која започнува викендов ќе биде 23.во кариерата, а 13 во Јамаха, за легендарниот мотоциклист.
„Кога го потпишав претходниот договор со Јамаха се прашував дали е тоа мојот последен договор. Тогаш кажав дека одлуката ќе ја донесам во наредните две години. Во текот на тие две години заклучив дека сакам да продолжам да се тркам, бидејќи тоа ме прави среќен“, рекол Роси.
Популрниот „Доктор“ во Светскиот шампионат дебитирал во 1996 година, во кариерата забележал 115 победи. Седум од деветте титули на Роси се во кралската класа.
Valentino Rossi will start his 23rd racing season this weekend… and there are many more impressive achievements to come in the next two years with Yamaha!#MovistarYamaha | #MotoGP | #QatarGP | @ValeYellow46 pic.twitter.com/PihGMmNxbx
— Yamaha MotoGP (@YamahaMotoGP) March 15, 2018