Top Sport

Розберг: Генетиката има врска со успехот!

Пензионираниот светски шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг вели дека генетиката, умствената сила и несебичноста се клучот на неговиот успех.

Германецот се повлече на крајот на минатата сезона откако го совлада колегата од Мерцедес, Луис Хамилтон за титулата за да стане вториот син на поранешен шампион со титула. Прво тоа му успеа на Дејмон Хил и неговиот татко Греем Хил. Таткото на Розберг, Кеке беше шампион со Вилијамс во 1982 година.

„Од мојот татко генетички ја добив природната дарба да возам тркачки автомобили. Верувам дека генетиката имаше голема врска во ова. Според мене, ова е 66% генетика, и 33% напорна работа. Би одел дотаму, бидејќи во нашиот спорт тоа е јасно“, вели Розберг, кој сега работи како менаџер на полскиот возач Роберт Кубица.

Како пример за ова тој го посочува 20-годишниот возач на Ред бул, Макс Ферстапен, момчето кого го нарекува „лудиот Холанѓанец“, и кој е син на Јос Ферстапен, тркач од 1990-тите.

„Неговиот татко Јос беше успешен возач и сега неговиот син е уште поуспешен бидејќи гените го пренесуваат тоа“, објаснува Розберг.

Токму Хамилтон, познаникот и пријателот од детството на Розберг ја крши оваа приказна. Четирикратниот светски шампион нема никој во семејството во моторспортот и израсна во потпросечно семејство на имигранти.

За него, Розберг вели дека повеќето Ф1 возачи имаат личности кои со себе носат добри и лоши страни.

„Обичниот Формула 1 возач страда од нарцисизам, е во љубов со самиот себеси и мисли дека е најдобар на светот и секогаш другиот е виновен. Тоа ти дава сила во ова лудо опкружување, но исто така е и слабост бидејќи не се испитуваш самиот доволно. Јас бев малку поинаков, на почувствителната страна, со помалку нарцисизам“, додава Розберг.

Scroll to Top